• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Одбележани 25 години од првите предавања на Универзитетот во Тетово

На Универзитетот се одржа пригодна свеченост, при што историски час одржа професорот Неби Дервиши, а пригоден говор Ибиш Кадриу, декан на филозофски факултет.

17/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот во Тетово  со неколку настани одбележа 25 годишнина од одржувањето на првите предавања кои се одржале во 1994 година. На Универзитетот се одржа пригодна свеченост, при што историски час одржа професорот Неби Дервиши, а пригоден говор Ибиш Кадриу, декан на филозофски факултет.

– На 15 и 16 февруари 1994 година во селата Порој и Мала Речица во приватни куќи се одржале првите предавања. Во тие куќи се формирале факултети за албански јазик, педагогија, англиски јазик и историја. На првите предавања присуствувале 29 студенти. Ова се најзначајните датуми во историјата на универзитетско образование на албански јазик, истакна професорот по историја Неби Дервиши.

Претходно наставниот кадар предводен од ректорот Вулнет Амети ги посети гробовите на првиот ректор Фадил Сулејмани и Абдилселам Емини , како и Музејот на Универзитетот во Порој.

Во јануари 2004 година Универзитетот во Тетово беше легализиран со усвојување на законот од страна на Собранието на Република Македонија за основање на Државниот универзитет во Тетово.

А.С

 

Тагови: универзитет тетово

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Дискусија на тема „Говорот на омраза и неговите ефекти врз поединците и врз младите“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.