• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Одбележан Водокрст во Тетово, осветениот крст во рацете на Томислав Несторовски

Томислав е 36 годишен, професионален војник, женет и татко на две деца на пет години и два месеци.

18/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовската црква „Света Богородица“ се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. По светата литургија, во црковниот базен во дворот во црквата се изврши Водосвет и спуштање на Светиот крст. По крстот скокнаа тројца верници, 21 годишниот Живко Секуловски, 30 годишниот Драгиша Јовановски и 36 годишниот Томислав Несторовски. Најуспешен и најсреќен беше најстариот Томислав кој го фати осветениот крст.

-Скокам по втор пат. Прв пат ми се насмевна среќата да го фатам јас крстот.  На сите христијани, браќа и сестри им го честитам денот, Водокрст да се живи и здрави, бериќет, здравје за сите и мир во државата. Лани скокнав за прв пат.  На личен план на прво место ми е фамилијата, да се живи и здрави, да има бериќет, изјави Томислав, професионален војник, женет и татко на две деца на пет години и два месеци.

Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија господин Јосиф во својата беседа го истакна значењето на празникот, денот кога се осветуваат водите, а воедно ги поучи верниците како правилно треба да ја употребуваат светата вода.

-Денешниот празник се нарекува Водокрштение,Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштението односно од осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост. Овој празник е востановен во спомен на крштението на луѓето кои го примале Христијанството. Во светата црква се познати две осветувања на вода. Големо и мало осветување. Големото осветување се врши два пати во годината. Токму на денешен ден на Водопост во предвечерието на Богојавление и утре на Богојавление, зошто се сеќаваме на крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан во која црквата го гледа прототипот на прочистување на гревовите но и вистинско осветување на водата со присуство на Бога. Исто така кога се врши Крштение се случува Големо осветување на водата. Додека мал водосвет се врши во различни прилики при дурги црковни чинови и на барање на верниците, истакна владиката.

Единствено во Тетово чинот на спуштање на крстот се извршува и на празникот Водокрст, односно еден ден пред Водици. Утре на Водици централното одбележување е во соборната црква Свети Кирил и Методиј каде осветениот крст ќе се спушти во црковниот базен во 10 часот.

А.С

 

Тагови: водокрстсвета богородица

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Се обновува конакот на Лешочкиот манастир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.