• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележан Денот на народното востание 11 Октомври пред Споменикот на револуцијата

Пред Споменикот беше интонирана химната, оддадена почит на загинатите со минута молчење и положено цвеќе.

11/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово Денот на народното востание 11 Октомври се одбележа со полагање букети цвеќе пред Споменикот на револуцијата, во организација на општинската организација на Сојузот на борци и тетовскиот гарзнизон при касараната Кузман Јосифоски-Питу.Чествувањето започна со интонирање на македонската химна и едно минутно молчење во чест и слава на сите загинати борци во Народо-ослободителна борба и припадници на АРМ.

-Поттикнати од Илинденско востание кога се почувствува слободата во 1941 повторно се јави истиот револуционер дух за кревање ново востание. Се редеа битки и создавање на нови партизански одреди, се раѓаа нови борци и партизани кои стремеа кон исполнување на вековните идеали за слобода и самостојност, истака во својот пригоден говор Јоцко Димитриевски, претседател на тетовската општинска организација на Сојузот на борците.

На одбележувањето цвеќе пред Споменикот на Револуцијата положија делегации на општина Тетово, општинската организација на Сојузот на борци Тетово, од касарната Кузман Јосифовски Питу,  општинска организација на СДСМ Тетово, општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово, резервните воени старешини, Сојуз на воени инвалиди, Здружение на пензионери на Тетово и Македонско-хрватско друштво.

Од општинската организација на СДСМ од Тетово празникот го честиташе секретарот Илија Димитриевски.

-Денот на народниот востание 11 Октомври е дел од македонската историја и симбол на македонската борба за темел на нашата државност. На овој ден им оддадавме почит на сите учесници во народно ослободителната војна и во вооруженото антифашистичко народноослободително востание.

Од овде од Тетово во име на Социјалдеморатскиот сојуз на Македонија Вам
Ѓоце Илиев Стојчески-Амбарче, Тодор Пецов Циповски-Мерџан, хероите од Тетово кои не го дочекавте овој светол ден Ви благодариме за храброста, Ви благодариме за слободата, Ви благодариме за нашата иднина. Благодарение на Вас ние денес чекориме напред.  Нека е честит 11 Октомври, истакна Димитриевски.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово празникот го честиташе претседателот Ангел Карапетров.

-На сите граѓани на Тетово и на Македонија им го честитаме денешниот празник кој е продолжение на Илинден и посакуваме во иднина во европска демократска република Македонија да го чествува со задржан идентитет и име, истакна Карапетров.

Тагови: 11 октомвринародно востаниепразникТетово

Поврзани објави

Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Следна објава
вмро дпмне тетово

ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово: Празникот повторно без бистите и повисоки претставници на општината

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.