• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

09/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во организација на Сојузот на борци од Тетово денеска пред Споменикот на револуцијата беше одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.  Пред споменикот беше оддадена почит на загинатите во Народоноослободителната и антифашистичка војна со едноминутно молчење и положување букети цвеќиња.

-Оваа година се навршуваат 77 години од победата над фашизмот, триумф платен со милионски човечки загуби и материјални штета. Втората светска војна во која беше победен фашизмот е пресудна и за македонскиот народ, кој пред војната беше национално обеспреавен и угнетуван од соседите, за да на крајот создаде својата национална држава. Свесни за својата состојба Македонците но и другите националности од првиот ден на НОБ се вклучија во антифашистичката војна за национална и социјална слобода. Како круна на антифашистичката борба на македонскиот народ подоцна беа донесени одлуките од Првото заседание на АСНОМ, истакна во пригоден реферат Јоцко Димитриевски, претседател на општинската организација на Сојузот на борци Тетово.

Тој посочи дека денес се слави и Денот на Европа, чие обединување како сон за малкумина стана надеж за многумина.

На настанот присуствуваа и положија цвеќе пред споменикот делегации на Сојузот на борци, АРМ, претставници на дел од политичките партии, здруженија на граѓани и организации и ученици.

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Откриена спомен биста на полицаецот Жарко Кузмановски (1981-2015) во Брвеница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.