• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележан Денот на 3-тиот механизиран пешадиски баталјон, воената единица во тетовската касарна

27 август е одреден како за ден на 3-тиот механизиран пешадиски баталјон во спомен на 15-тата Поречка ударна бригада формирана на 27.8.1944 во Брезница, Македонски брод.

27/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во касарната „Народен Херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово денес се одбележа 27-ми Август  Денот на 3-тиот механизиран пешадиски баталјон, воената единица стационирана во воениот објект.  Командантот на единицата потполковник Изеир Ејупи потенцира дека единицата во изминатиот период учествуваше во воени вежби, помагаше на МВР во мигрантска криза и дека по подолго време работеше на подобрување на инфраструктурата во касарната.

-Покрај задачите кои произлегуваат од нашата мисија, оваа година работно се ангажиравме во оградување на касарната со што се промените ликот стар пет децении, а дадовме нов попристоен лик на касарната за наредните децении, истакна потполковник Изеир Ејупи.

На свеченоста по повод денот на единицата беа доделени унапредувања, пофалници и благодарници. За најдобар состав во единицата беше прогласен 1 огнен вод.  Дел од прославата беше културно уметничка програма како и свечено дефиле на дел од техниката и опремата со која располага единицата.

-Денес одбележуваме уште еден ден во вековната борба и стремежите на генерациите за слободна и независна Република Северна Македонија, а денешната свеченост е прилика да се потсетиме на нашите славни предци и нивните херојски дела, исткана во пригодното обраќање полковник Бесник Емини,командант на 1-ва механизиран пешадиска бридага во чиј склоп е тетовскиот баталјон.

27 август е одреден како за ден на 3-тиот механизиран пешадиски баталјон во спомен на 15-тата Поречка ударна бригада формирана на 27.8.1944 во Брезница, Македонски брод.  Бригадата учествувала со повеќе од 1100 борци меѓу кои и 12 жени во Народно-ослободителната војна.

 

 

 

Тагови: ден на единицатакасарнаТрет механизиран пешадиски баталјон

Поврзани објави

Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Следна објава

Понуда за брак на „Лешочки фолк фест 2019“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.