Пригодно приредба во пресрет на 24 мај Денот на словенските просветители Кирил и Методиј одржа ОУ „Братство-Миѓени спортски центар“


-Достојно како што браќата Светите Кирил и Методиј ја ширеа писменоста меѓу словенските народи така и нашите ученици со нивните лични творби и песни како просветителска светилка го продолжија нивниот пат и дело на малата приредба која денеска се одржа во нашето училиште под мотото, “Го чествуваме безвременското и епохално дело на Светите браќа Кирил и Методиј”. Благодарност до советниците од БРО, советниците од советот на град Тетово,секторот за јавни дејности ,директорите на училиштата ,наставници и други гости кои денес беа дел од нас а особено до учениците и нивните наставници за вложениот труд во прославувањето на денот на сесловенските просветители и денот на просветните работници, информираат од ООУ „Братство-Миѓени-спортски центар“