• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележан 19 март 1943 година кога во Тетово е формирана Комунистичката партија на Македонија

19/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Музејот на тетовскиот крај односно во Спомен куќата на Јовановци во населбата Два Бреста во Тетово денес се одбележаа 79 години од формирањето на Комунистичката Партија на Македонија во тој објект. Беше одржан историски час со пригоден реферат.

-На 19 март 1943 во оваа куќа донесени се повеќе значајни одлуки за понатамошниот тек на народнослободителната и антифашистичка војна. Се формираат пет обласни комитети во петте оперативни зони, формирање на поголеми воено – оперативни единици (баталјони и бригади), да се зголеми политичката активност, да се формира штаб на Првата оперативна зона и друго. Централниот комитет го сочинувале Лазар Колишевски – секретар,Мара Нацева- организационен секретар, Кузман Јосифовски – Питу – член,Цветко Узуновски – Абас- член и Бане Андреев – Ронката – член, посочи во рефератот Велимир Цветановски, виш кустос во Музејот.

Во чест на формирањето на КПМ делегации на општинската организација на Сојуз на борци Тетово, политички партии, организации и здруженија положија цвеќе пред спомен бистата на Јосип Броз-Тито.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Несовесни граѓани фрлаат смет пред ОУ „Гоце Делчев“- ЈКП Тетово: Kонтејнерите се поставени стотина метри подолу

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.