• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Одгледување на кучиња шарпланинци-мерак и предизвик

Од кога памети за себе живее заедно со шарпланинци, вели 66 годишниот Петко Петковски, од тетовско Јанчиште кој ја има една од двете одгледувачници на шарпланинци на ова подрачје.  

23/11/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од кога памети за себе живее заедно со шарпланинци, вели 66 годишниот Петко Петковски, од тетовско Јанчиште кој ја има една од двете одгледувачници на шарпланинци на ова подрачје.  Иако овие кучиња се автохтони, потекнуваат и го носат името на Шар Планина, за да ги одгледуваат се одлучуваат само малкумина. Петковски вели дека љубовта ја наследил од својот татко.  Додека бил жив татко му одгледувале и до 15-тина „возрасни“ шарпланинци и како и кутриња.

-Кога двајца имаат мерак за работа со шарпланинците, можат многу да ги гледаат. Затоа и секогаш сме имале над десет. Тогаш сум бил и помлад, а сега има 3 машки, 5 женки и  10 малечки шарпланинчиња. Меракот да се опише не може. Јас сум станувал рано за да им дадам да јадат, па потоа сум заминувал на работа. Или пример доцна навечер, сум се вратил од свадба, пак ми е паметот кај нив да одам да им дадам да јадат. Не ми е проблем, не ми е тешко, а за да друго не би сакал. Меракот си го прави своето, вели Петко Петковски.

Многу време и труд треба за кучињата зошто и на нив им треба одржување хигиена.

-Треба да ги чистиш, да ги чешлаш, кога се митарат, женските два пати годишно и кога ќе се окучат. А машките еднаш годишно се митарат. Тогаш им паѓа влакното, па ги има по цел двор и треба да се чисти, па пак да се чешлаат, рече Петко.

Тој не ги жали и парите, бидејќи исто така треба многу да се вложи за да се прехранат и да се лекуваат ако има потреба. Како огледувачница потоа и ги продава.

-Годишно минималниот износ за едно куче за купување храна само е околу 300 евра. Но затоа е одгледувачница, да се огледуваат, да се грижиш добро за нив, да бидат здрави и силни, па дел од нив потоа се продаваат, објаснува Петковски.

Важен дел за одгледувачите е претставувањето на своите миленици на изложба на шарпланинци. Петко објаснува дека големо достигнување за сите кои се занимаваат со одгледување на ваквите кучиња е да се победи на специјалните изложби за шарпланинци.

-Во последните две години сум во пензија па целосно времето го поминувам со своите миленици па имам и повеќе време за изложби. Инаку одамна, од 1994 година одам по изложби. На последната во Прилеп освоив награди со огледувачница „Марија и Јована“ од Тетово. Со женката прва, а брат нејзин на второ место. Замислете која е радоста и задоволството да победиш на ваков натпревар, тука на пример имаше 80 кучиња натпреварувачи. Сум освојувал награди и во Србија и во Бугарија, потенцира Петковски.

За жал во градот под Шара, Тетово одамна немало специјална изложба.

-Сега во Тетово нема одржано „специјалка“ одамна. За да се одржи специјалка треба работа и организација. И многу специјалки и тоа не е добро. Меѓутоа треба да има барем во поголемите градови Тетово, Скопје, Битола, Прилеп. Овде кога беше специјалката во Тетово имаше толку народ што е незапамтено, интерес има, рече Петковски.

Шарпланинците важат за овчарски кучиња. Во минатото претежно служеле за чување на овците, а претставувањето како миленици по изложби е понов тренд.

-Ние кога сме чувале овци, кај мене во село како дете паметам во Јанчиште имало 40 -50 куќи кои чувале овци. Секоја куќа имала најмалку по две кучиња тоа се 100 кучиња само во Јанчиште и тоа само ние што се наоѓаме во рамнина, а замислете тие што се покрај Шара и Жеден уште повеќе имало. Имаше многу шарпланинци кои се чувале по куќите како членови на семејствата, рече Петко.

Овие кучиња се големи. Може да тежат од 50 до 70 килограми, а висината достигнува и до 80 сантиметри.

-Услови имам кај мене во село. Имам поголема квадратура и пред и позади куќата. Не ги пуштам едно два месеца кога садимое,  да не оштетуваат посаденото во бавчата. Сега во зимскиот период се најубави зошто на лето им паѓа влакното од вруќините. Зимата е најубава за кучињата. Се дешавало на минус 20, викам ајде ќе им ставам теписон или слама во куќарката, да не им студи , тие пак надвор спијат“ рече искусниот одгледувач на шарпланинци.

Низ целата држава во кинолошкиот сојуз се регистрирани 31 одгледувачница на шарпланинци.

Александар Самарџиев

Тагови: одгледувањешарпланинци

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Вo Белград почина писателката и новинарка Душица Илин-Шеќеровски, родена во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.