• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Од денес вакцинација против Ковид-19 само во Здравствен дом Тетово

29/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од денес вакцинацијата против Ковид 19 ќе се одвива само во Здравствен дом Тетово, додека пунктот во Центарот за култура веќе нема да работи, информираат од јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово. Фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ се користеше како вакцинален пункт од почетокот на септември.

-Во пунктот во Здравствен дом Тетово ќе се одвива аплицирање на прва доза, ревакцинација и трета доза, информира Борислав Јоргаќиески, директор на ЈЗУ Здравствен дом Тетово.

На овој начин завршува речиси седум месечен период на масовна имунизација во големи објекти надвор од здравствениот дом. Првите дози на вакцини беа дадени во пунктот во Здравствен дом во текот на април, додека од 4 мај започна масовна имунизација во спортската сала на медицинското училиште. Во почетокот на септември, спортската сала престана да се користи, а  како вакцинални пунктови почнаа да се користат покрај центарот за култура и поранешниот Дом на Армијата, простории на ЕЛЕМ турс Жичара Тетово-Попова Шапка и амбулантите во неколку села. 

Според податоците на ЈЗУ Здравствен дом дневно сега се аплицираат до 300 дози прва, втора или трета вакцина, додека процентот на имунизирано население на подрачјето на Тетово и околината надминува 55 отсто.

ас

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Вести

Промоција на Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

06/08/2022
Следна објава

Ученици и наставници од средното училиште „Моша Пијаде“ од Тетово беа во Турција на размена на образовни практики

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.