Фудбалерите на Тетекс од денес се во Охрид каде ќе поминат седум ден во подготвување за следната сезона. Од 12 јули до вчера фудбалерите беа на подготовки во Тетово.
-Досега беше првата фаза, кондиционите подготовки со фокус на трчање и сила, а одигравме и три натпревари. Сега со одењето во Охрид влегуваме во средна фаза на подготовки со пријателски натпревари и воигрување на екипата. После враќање од Охрид ќе следи кристализирање на составот и работа на тактички замисли, изјави денес Славчо Георгиевски, шеф на стручниот штаб.
Во Охрид ќе се играат дуели со Струга Трим Љум (4.8) Гостивар (5.8) и Воска Спорт (8.8). Во текот на подготовките на клубот му се приклучија и Борис Јакимовски од Беласици и Ѓорѓи Глигоров од Осогово.
А.С