• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

14/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Каме Бачевски иако на 68 години и со нарушено здравје сам викендов ги „крпел“ дупките на улицата „Гоце Делчев“, една од најруинираните улици во Тетово. На оваа работа се нафатил од мака, бидејќи и самиот како и сите кои поминуваат тука секојдевно имаат проблеми да се движат и пешки и со возила. Поради огромниот број дупки на улицата секој ден тој бил сведок како се оштетуваат возила на соседите но и други луѓе, а воедно и на пешаци кои се повредувале ако лошо стапнат.

-Со години чекаме оваа улица општината да ја реконструира. Целата е полна со дупки и тоа по една педа се големи. Колите ги испокршија луѓето, а и пешки тешко се оди.  Треба да се внимава инаку можеш и нога да искршиш, објаснува Каме.

Бидејќи има малечко камионче и лопата дошол на идеја да ги пополни дупките со остатоци од асфалтна база. Ги има израмнето сите дупки на потегот од градските гробишта до Чапчаково сокаче што има речиси 500 метри должина.

-Материјалот ми го дадоа од градежната фирма која работи на уредување на улицата кај касарната. Таму се изгредба асфалтот и се работи на улицата.  Ги прашав и во договор со нив ги зедов остатоците од асфалтот што беа изгребани од таму и го донесов тука. Камионче, колица, лопата и добра волја беа потребни за оваа работа.  Три пати го полнев камиончето или околу шест кубни метри материјал поставива тука, вели Каме.

Додека ги пополнувал дупките во саботата и неделата му помогнал само еден сосед од населбата Поток.

-Ме благословуваа луѓето што го направив ова, а поготово таксистите бидејќи нема да ги кршат колите вака. Една жена излезе од гробишта и ми подададе чоколадо. Ја прашав дали за душа за некого го дава ова. Ми рече, не туку алал да ти е што си се нафатил на ова. Ако правиш добро дело, Господ гледа и помага.  Откако завршив со крпење од дупките веднаш ме повикаа за работа со камиончето, да пренесеме мебел и разни предмети, ни раскажува Каме, но со потешкотија бидејќи има проблеми со гласните жици.

Чести се најавите на градоначалничката дека ќе биде реконструирана ова улица.

-Реконструкцијата на ул.Гоце Делчев ќе се одвива преду Единицата за проекти при Министерството за транспорт и врски. Од страна на општина Тетово е комплетирана целата документација и доставена, очекуваме потпишување на договор помеѓу наведеното министерство и изведувачот со што се надеваме дека што поскоро ќе се пристапи со работа на терен, информираа денес од општина Тетово.

Улицата „Гоце Делчев“ која е долга околу 1000 метри и ги поврзува населбите од стариот дел на градот, е во лоша состојба. Делот до улицата кај населбите Поток и Певчина се најоштетени, бидејќи на многу места ги нема бекатон плочките, додека останатиот дел кај населебите Два Бреста и Колтук е со калдрма која исто така е оштетена.

А.С

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Модуларна болница за Ковид-19 и во Тетово

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
12 ° c
74%
8.21mh
100%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!