• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Од октомври треба да почне да работи фабрика за производство на стакло во Технолошко- индустриската развојна зона Тетово

Министерот за економија Крешник Бектеши во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово го посети објектот во изградба на компанијата „Глас Флекс“, создадена со македонско-холандски капитал.

06/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за економија Крешник Бектеши во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово го посети објектот во изградба на компанијата „Глас Флекс“, создадена со македонско-холандски капитал. Во фабриката од 9000 метри квадратни се очекува од октомври да започне производство на стакло со вработување на 300 лица.

Ние ќе настојуваме и ќе бидеме посветени за да им ги исполниме сите услови на приватниот инвеститор тука во Тетово се со цел да се привлечат се повеќе инвеститори во оваа зона што нема да влијае само во развојот на општина Тетово туку и на целиот полошки регион. Ние ќе продолжиме да креираме такви политики и да правиме такви инвестиции се со цел да да се отворат нови работни места и да се инвестира што повеќе во овој регион, а тоа ќе влијае во подобрување на животниот стандард на сите граѓани што живеат во овие општини. 80 отсто од производството ќе биде за извоз, ќе има неколку позитивни ефекти од вакви инвестиции и јас сум убеден дека ова ќе биде само почеток и дека оваа година ќе има прилика уште повеќе инвеститори да дојдеме и да ги посетиме во оваа зона, рече министерот Крешник Бектеши.

Објектот на „Глас-Флекс ДООЕЛ“ од Скопје е на 9000 квадратни метри, а ќе се произведува калено, луминирано и друг вид специјализирано стакло.

Објектот е започнат крајот на 2018 година и до крајот на месецов ќе биде затворен како објект. До август месец треба да се постават инсталационите работи внатре и да пристигнат машините кои се со потекло од Финска Италија како и да се направи монтажа на машините. Во септември ќе имаме испитување на машините и во октовмри се надеваме дека ќе почнеме со производство на калено и луминирано стакло во Македонија. Ваков тип на фабрика на Балканот е единствен со вакви современи машини. 80 отсто од производството ќе оди за извоз, 20 отсто на домашниот пазар, изјави Гоце Пешев, проект менаџер на објектот.

Ова е уште еден поттик што самиот министер од блиску ги следи работите и истовремено новата инвестиција што се реализира во рамки на слободна економска зона. Ова е едно добро огледало дека во оваа зона стварно може да дојдат сериозно инвеститори кои сакаат нивните стратешки цели да ги развијат и нивните бизниси, рече Арбен Халили од компанијата Нормак која стопанисува со ТИРЗ Тетово.

Министерот Бектеши изрази уверување дека во најкраток можен рок ќе почне со градба пристапниот пат до автопатот Тетово-Скопје со цел поврзување на зоната.

Процедурите се во Агенцијата за патишта и секако дека ние ќе им дадеме како Влада обврска да се почне со подготовки што побрзо да се гради пристапен пат, рече Бектеши.

Во првата фаза во фабриката за стакло се предвидени 300 вработувања со можност за зголемување на бројката.

Тагови: зонаоктомврипочнепроизводствоработиразвојнастаклоТетовоТехнолошко-индустрискататребафабрика

Поврзани објави

Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Вести

Премиера „Момчето со пругасти пижами“ на Драмското студио „Летечка театарска трупа“ – Тетово

25/09/2023
Следна објава

Владика Јосиф : Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!