• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Од понеделник во Тетово треба да почне градски автобуски превоз

14/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Градски автобуски превоз во Тетово треба да започне од понеделник 16 август, најави Дарко Спировски директорот на оштинското јавно претријатие „Тетово транспорт“. Засега се предвидени две рути на движење на петте автобуси со кои располага претијатието. 

-Предвидени се две линии, од кои едната започнува од кај автобуската станица па оди на „Индустриска“ и кон „Маршал Тито“  покрај пазар се до плоштад па на „Илинденска“ се до Универзитетот на Југоисточна Европа и назад.  За почеток ќе возат четири автобуси на секој половина час. Петтиот автобус е за втора линија од автобуска кон касарна, потоа до стадион, до музичко училиште, плоштад и назад, информираше директорот.

Ова е почетна фаза на возниот ред, а од претријатието најавуваат дека ќе бидат флексибилни и дека линиите ќе се менуваат согласно динамиката на користење на автобусите и состојбата со сообраќајот на тетовските улици.

-Овие две линии се како за почеток отворени, потоа може да се модифицираат линиите, некои нови да се уфрлат, некои да се укинат. Да видиме и граѓаните како ќе регираат на што ќе инсистираат. Сепак автобусите се за граѓаните не се за претриајтието, тоа е јавен превоз за народот, смета Спировски.

Според него деновиве на пробните возења низ градот се покажало дека автобускиот превоз ќе може непречено да функционира и покрај поголемиот број на сообраќајни предизвици и проблеми со кои се соочува Тетово.

-Автобусите  може да се движат низ градот со одредена специфика на одредени места,каде што треба повнимателно да се вози. Има повисоки ивичници, каде има поголем метеж и кружните текови. Кај музичко училиште е потесен кружниот тек ама со поголемо внимание може да помине. Генерално беше да се види како ќе функционират.  Народот се уште не знае па се паркираат пред постојките но полицијата ќе преземе мерки особено на тие делови каде што треба да минуваат автобусите. Во сообраќајот нема да има драстични промени, па самите услови ќе покажат дали нешто ќе треба да се смени, објасни Спировски.

Автобусите во Тетово стигнаа уште во јануари 2021. До сега стоеја во кругот на пожарната и се чекаше формирање на јавното претријатие за градски превоз како и утврдување на оперативниот план, ценовник и слично. Еден билет ќе чини 20 денари, додека предвидени се повеќе категории за месечни и годишни карти. 

 

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Теута Арифи позитивна на Ковид-19 со благи симптоми

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.