• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот

Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување, информирата од Владата.

16/04/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува  забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување, информираат од Владата.

Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП “Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Министерството за внатрешни работи и  Шумската полиција.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Почнаа подготовки за претставата „Бог на масакрот“ прва премиера на Тетовски Театар за 2023 година

21/03/2023
Следна објава

Центарот за развој на Полошкиот плански регион со проект за зајакнување на алтернативниот туризам

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.