Во текот на осумте часа од текот на гласањето во вториот изборен круг во Општина Тетово од 7 до 15 часот гласале 25.551 од 85. 577 граѓани со право на глас, информираат од ОИК Тетово.
Во проценти тоа 30,99 отсто или најмниогу од сите пет општини каде денес во тетовскиот регион има гласање во втор круг за избор на градоначалник.
Теарце со 22,71 % или 5.096 од 22.450 граѓани кои гласале има најмала излезност. Во Боговиње има 24,01 % или 6793 од 28.307 граѓани. Општина Брвеница има излезностот од 27,91 % или 4389 од 15.732 избирачи. Во Желино гласале 29, 45% од избирачите или поточно 7210 од вкупно 24.485 избирачи во избирачкиот список.