ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово испрати соопштение до јавноста.
-Втор ден молк од локалниот огранок на СДСМ во Тетово за скандалозната одлука за продажба на ШИК Јелак во Тетово.
Доказ дека коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ функционира беспрекорно на локално и централно ниво може да се забележи околу последните случувања за продажба на ШИК Јелак и обидот за распродажба на државниот имот.
Посебно е интересен делот во аудио материјалите кои се најдоа на социјалните мрежи каде се споменуваат 300.000 евра и 2000 квадратни метри и интересни имиња за македонската политичка сцена.
Раскрчмување на државниот имот од страна на СДСМ и ДУИ кое започнало уште во 2019 година, беше откриено од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и беше веднаш реагирано на седница на Совет на Општина Тетово.
Не постои логично објаснување за носење на детелни урбанистички планови во услови на вонредна состојба и здравствена криза со Корона вирусот, кога во тој момент секако е најбитно здравјето на тетовци, освен личен интерес.
Тетовци со право негодуваат и јавно бараат одговор од Општинската органиација на СДСМ.
Кој и на кого дал 300.000 евра и 2.000 квдратни метри и за што?
Дали локални функционери од СДСМ се подизведувачи и учесници во скандалозната одлука за продажба на ШИК Јелак во Тетово?
Дали позади политичката соработка помеѓу СДСМ и ДУИ, не се крие и криминална бизнис соработка?
Само да потсетиме дека просторот на Шумарско индустрискиот комбинат Јелак во Тетово кој е со површина од неколку илјади квадратни метри во близина на центарот на градот вреди милиони евра. Ако се земе во предвид дека на тоа место на мала врата во Советот на Општина Тетово, некои лица предвидуваа изградба на станбени и деловни објекти, тоа значи и големи лични бизниси на штета на државата.
Планот и идејата за разграбување на имотот на ШИК Јелак започнал во 2018 година, во 2019 е одржана седница на Влада каде е усвоена и донесена одлука, а во 2020 е поставен ДУП за тој дел во градот. Ова претставува организирано криминално дејство.
Тетовската јавност бара истражните органи да се позанимаваат со овој случај и да дадат брз и адекватен одговор, стои во соопштението на оштинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.