• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

ОК ВМРО ДПМНЕ : Дали улицата Гоце Делчев во Тетово не се реконструира поради името?

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово преку соопштение за јавноста упати прашање зошто не се реконструира улицата Гоце Делчев, а воедно објави и фотографии за да ја илустрира руинираноста на споменатата улица. 

14/12/2020
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово преку соопштение за јавноста упати прашање зошто не се реконструира улицата Гоце Делчев, а воедно објави и фотографии за да ја илустрира руинираноста на споменатата улица.

-Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово многупати досега реагираше за непреземањето мерки од страна на градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи за реконструкција на улицата Гоце Делчев. И денес, повторно сме сведоци на уште едно континуирано арогантно и инфериорно однесување на локалната власт предводена од СДС и ДУИ, која нема воопшто интерес за реконструкција на ул. “Гоце Делчев”, иако истото беше едно од многубројните предизборни ветувања. Истото беше и остана само празно ветување, остана само лажна надеж за граѓаните, за кое што ветување се нема ниту желба, а ниту волја да се реализира.

Почитувана градоначалничке, Ве прашуваат Вашите граѓани: Дали Ви смета името на улицата “Гоце Делчев”, па затоа одбивата да ја реконструирате ? Дали е проблем тоа што во овој дел на градот на ул.”Гоце Делчев” живее мнозинско македонско население ? Покажете дека сте мајка на град Тетово, покажете дека имате ист однос и грижа кон сите граѓани и превземете мерки за достоинствен живот на сите граѓани на Тетово без оглед на етничка и верска припадност.

Граѓаните кои живеат на ул. „Гоце Делчев“ се соочуваат со проблеми кои што не се разбирливи за во 21-ви век. Почитувана градоначалничке, разбирате ли дека овие граѓани немаат нормално движење, немаат можност да си ги извршат своите секојдневни обврски поради состојбата во која се наоѓа улицата “Гоце Делчев”. Голем број дупки, отворени шахти и разместени бехатон плочки кои го отежнуваат нормалното функционирање!

Дождовите почнаа, но нема ниту санирање на ударните дупки, а не пак реконструкција. Ве повикуваме, веднаш на ул.”Гоце Делчев” да превземете соодветни мерки за санирање на ударните дупки, чистење и санирање на каналот за атмосферска вода, изработка на нови и поголеми таложници и спречување на поплавување на домовите со фекалии. Не ја предизвикувајте трпеливоста на овие обесправени граѓани за преземање на порадикални мерки за искажување на револтот кои со години тлее, се наведува во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово.

 

Тагови: вмро дпмне ок тетово

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Пензионери од цела држава се дружат во Тетово на „Мултиетничка средба“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.