• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ОК ВМРО ДПМНЕ : Деновиве тетовци се соочуваат со непријатна миризба од запален смет

03/07/2020
во Вести
ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово испрати соопштение до јавноста во која се осврнуваат на проблемот со непријатна миризба во градот од палење на смет.

-Деновиве тетовци се сведоци дека повторно се пали сметот на создадената дива депонија на излез од градот од каде се шири неподнослива миризба и чад. Оваа појава остава катастрофални последици по здравјето на жителите на град Тетово особено ако живеат во долниот дел од градот. Мора да се напомене дека покрај оваа мини депонија на неколку критични точки во градот нелегално се одлага сметот при што се создаваат мини депонии.

Граѓаните со право реагираат до ЈКП Тетово, почесто да ги празни контејнерите, бидејќи поради високите температури дополнително се шири неподнослива миризба, околу кој се собираат мачки, кучиња и инсекти кои пак стануваат извор на разни зарази. Бидејќи екологијата и здравата животна средина се на приоритетно место во програмите на сите политички партии, апелираме овој проблем во што е можно покус рок да биде решен, бидејќи нема калкулација со здравјето на луѓето.  Ги повикуваме одговорните од Министерството за животна средина, како и локалните инспекциски органи да вршат зачестени контроли на критичните места со цел да се откријат и санкционираат прекршителите. Тетово не сака да биде меѓу најзагадените градови во светот. Тетово и тетовци сакаат чист воздух, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.

Поврзани објави

Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Следна објава

Двајца приведени поради снимање и навредување полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!