• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

ОК ВМРО ДПМНЕ Тетовo со реакција на вчерашната прес конференција на СДСМ за здравствениот систем

Денешниот здравствен систем во Република Македонија, како и состојбата со лековите кои се наоѓаат на позитивната листа се евтина шминка како и вчерашната прес конференција на Дијана Војновска од СДСМ, се вели во дописот.

10/10/2019
во Инфо компас
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денешниот здравствен систем во Република Македонија, како и состојбата со лековите кои се наоѓаат на позитивната листа се евтина шминка како и вчерашната прес конференција на Дијана Војновска од СДСМ. Триото Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче го уништуваат здравството. Неспособноста и лагите на Владата предводена од СДСМ се гледаат секој ден, и на секој чекор. СДСМ е болест за македонското здравство!

Ги прашуваме Дали СДСМ во здравството се води по максимата кој има пари тој ќе преживее ?
Дали СДСМ работи на демонтирање на јавното здравство и затоа не се инвестира ништо во него?
СДСМ е партијата која парите во здравството наместо за реновирање на болници, градење на нови, набавка на опрема, ги троши за богатење на нивни блиски луѓе и блиски компании.
Власта предводена од СДСМ уште не го реши случајот меѓу народот познат како Рекет, кога на виделина веќе излегуваат детали за нов скандал наречен Рекет 2 каде инволвирани се лица од Фондот за здравствено осигурување и од Министерството за здравство.

СДСМ си даде за право, јавно да говори за достапност на лекови по аптеките, кога граѓаните секојдневно реагираат на случувањата како во болниците така и во аптеките.Дали е точно дека постојано има доцнење со јавните набавки на лековите?Дали е точно дека кога ќе се изврши набавката, таа е двојно и тројно поскапа и е со понизок квалитет, а тендерите ги добиваат лица блиски до СДСМ? До каде е разрешувањето на скандалот со вакцините со поминат рок на траење? До каде е платата од 100,000 денари за лекарите? Што има СДСМ направено за здравството во Тетово ? Дали е точно дека од Буџетот на Република Македонија извлековте 1 милион евра за лубриканти, замислете 1 милион евра за што, за лубриканти, а секојдневно има апели за телефонски донации за лица на кои им е неопходна итна операција?

Да заклучиме, Не го решивте проблемот со недостиг на квалитетни лекови. Наместо да го поедноставите, вие го усложнивте работењето на матичните лекари, не го исполнивте ветувањето за платата на лекарите и од таа причина има масовен одлив од јавното и трансфер во приватното здравство, како и заминување во странство на високо квалификуваната работна сила од здравствениот сектор.

Доколку не се преземат итни мерки со кои лекарите и медицинските сестри ќе се задржат во земјава, ќе останеме без нив. Без лекари и друг медицински персонал, метежите ќе се зголемат, а ќе се зголеми и можноста за лекарски грешки зашто тие што ќе работат ќе бидат преоптоварени, а со тоа постои ризик од зголемување на смртноста.

СДСМ од прогласување на независноста на Република Македонија работи по иста матрица, лажни ветувања и животинско грабање на власта, а потоа следува разграбување, продажби и трошење на парите преку сомнителни тендери.

Тоа е кривиот пат, а народот после 3 години погубна политика, никогаш, ама буквално никогаш не треба да ги рехабилитира за сторените неправди.

 

Тагови: ок вмро дпмнепресс конференцијареакцијаТетово

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Инфо компас

Изучување на курсеви по англиски и германски јазик во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Тетово  

15/09/2023
Следна објава

Традиционално искачување на врвот Љуботен

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!