Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Јегуновце информира дека за Општина Јегуновце кандидат за градоначалник ќе биде Димитар Костадиновски, додека Перица Савески носител на советничка листа.
-Овие избори се време кога Општина Јегуновце ќе ја вратиме на народот. Сигурни сме дека граѓаните ќе ги препознаат вистинските вредности и ќе гласаат за промена на општинската власт. Во младите е иднината и затоа со млади луѓе на листата ја бараме поддршката од народот, посочуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ Јегуновце
Кандидатот Димитар Костадиновски е дипломиран економист по маркетинг и менаџмент, вработен во Општина Јегуноивце. Тој е и претседател на општинскиот комитет. Носителот на листата со кандидати за советници Перица Савески е дел од младите сили, студент на Факултетот по електротехнички науки.