Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија Тетово со иницијатива Тетово од најзагаден град во Македонија да стане Полошки зелен еко центар.
Односот на локалната самоуправа кон заштитата на животната средина е на многу ниско ниво. Едноставно, доколку сакам да живееме во еден реално чист и незагаден град треба целосно да се промени пристапот кон решавањето на проблемите. Предлагаме први 5 топ мерки, вели секретарот на тетовскиот општински комитет, Стевица Саркоски.
1.Институционална реорганизација на локалната самоуправа во областа на животната средина и формирање на Агенција за животна средина на Тетово, каде целосното управување со животната средина би се сконцентрирало во неа. Евидентирање на сите загадувачи како од поголемите индустриски објекти, така и помалите компании и погони. За пет пати зголемување на бројот на еколошките инспектори. Јавен мониторинг на состојбата со аерозагадувањето во Тетово 24/7 достапен до граѓаните. Реорганизирање на ЈКП Тетово во своето работење. Изготвување на нова Стратегија за реагирање локалната самоуправа за еколошка безбедност.
2.Отпад – Фактот дека досегашниот промовиран концепт за регионално управување со отпадот со што требаше да биде опфатено и Тетово не профункционира, создаде состојба градот и околината да бидат заложници на овој концепт. Предложената депонија во Русиново не функционира, а со камиони од Тетово преку претоварната станица отпадот се носи за Скопје, т.е. се депонира на Дрисла, за што граѓаните на Тетово плаќаат високи сметки, а проблемот не е решен и на секој чекор имаме диви депонии.
Затоа решението е во „јавно приватно партнерство“, со избор на нај сооодветен модел на фабрика за третман на отпадот. Со изборот на фабрика за отпад ќе имаме нула загадување од третманот на отпадот и добивање на суровини од самата преработка. (Во зависност од изборот на моделот кој ќе се одбере како суровина покрај стандарните, метал, хартија, стакло може да се добие и био дизел, струја и други енергетски суровини).
3.Аерозагадувањето во Тетово. Одредување на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Од воспоставување на посебен режим на сообраќај во градот, преку решавање на проблемот со греењето на домаќинствата до заокружување на процесот на гасификација. Објавување на податоци за реалната состојба со квалитетот на воздухот.
4.Природното богатство –Шар Планина како Национален парк. Заштита на Попова Шапка, со план за туристичко менаџирање на овој локалитет и негово ставање на европските и светските листи на Ски-центри.Стопирање на неконтролираното градење во заштитените простори. Спречување на дивото сечење на шумите
5. Заштита на реките Вардар и Пена
Спречување на фрлањето на отпад во реките. Строги контроли. На евидентираните локации воспоставување построги контроли, а каде е возможно и видео мониторинг. Елиминирање на сите актуелни загадувања со отпадни води, како комунални така и индустриски, се наведува во соопштението од секретарот Стевица Саркоски.