• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Онлајн одбележување на 19 годишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Наместо традиционалната програма која секоја година се одржува за одбележување на годишнината на Универзитетот ректорот Абдулменаф Беџети упати видео порака до студентите, до вработените, како и до пошироката јавност.

20/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот на Југоисточна Европа во онлајн формат ја одбележи 19 годишнината од основањето на 20 ноември 2001 година. Наместо традиционалната програма која секоја година се одржува за одбележување на годишнината на Универзитетот ректорот Абдулменаф Беџети упати видео порака до студентите, до вработените, како и до пошироката јавност.

-Универзитетот веќе е во втората година од полнолетството и ние продолжуваме да пренесуваме квалитетно знаење кое секојдневно се потврдува од успесите на нашите дипломирани студенти. Можеме да кажеме дека успешно се соочивме со предизивиците како пад на наталитет, зголемување на миграцијата и желбите на студентите за студирање во странство и продолжуваме со четирицифрена бројка на запишување на нови студенти. Оваа година бележиме и нова програма „Архитектура и дизајн“ каде имаме 40 студенти, истакна во обраќањето ректорот Абдулменаф Беџети.

УЈИЕ академската година ја започна две недели пред вообичаениот почеток со намера да има соодветно консолидирање поради пандемијата.

-Започнавме со 85 проценти на студенти кои следат настава со физичко присуство и 15 отсто на онлајн настава пред се за студенти кои се надвор од кампусите во Тетово и Скопје. Сега бевме принудени да се прилагодиме на околносите поради интензитетот на Ковид-19 и сите да се префрлиме на онлајн настава последните недели од ноември, истакна Беџети.

Според неговата објавата, секторот за следење на дипломираните студенти бележи 70 проценти вработеност кај оние кои го завршиле високото образование на УЈИЕ. Од септември нов претседател на Одбор на УЈИЕ е именуван Клаус Тохтерман.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Украл облека во трговски центар, полицијата му ја нашла во возилото

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.