Дали во општина Боговиње има 5Г мрежа и дали е точно поради тоа се угинуваат врапци. Ова биле прашањата на граѓаните до локалната самоуправа, покажувајќи снимки на угинати птици и антени/базни станици кои емитираат црвена светлина. Поради барањата на мештаните градоначалникот Албон Џемаили започнал комуникација и упатил прашања до Министерствата и телекомуникациските компании.
-Жители на општината се јавуваа и покажуваа снимки со угинати врапци како и од базна станица на кој има црвена светлина прашувајќи дали станува збор за последици од 5Г мрежата. Упатив прашања до надлежните Министерства и до телекомуникациската компанија А1 кои тука имаат базна станица, објаснува градоначалникот Албон Џемаили.
Градоначалникот добил одговор од телекомуникациската компанија А1 од каде му одговараат дека во оваа вонредна состојба со останувањето дома бележат зголемен обем на сообраќај на телефонските врски и интернет како и дека не функционира 5Г мрежа.
-Нашите технички експерти постојано ги надгледуваат мрежните капацитети и постојано реагираат со соодветни мерки за обездување на интегритетот на мрежата во случај на екстремно висок сообраќај. Затоа во изминатиот период се преземени одредени активности во базната станица во општина Боговиње за непречено функционирање на услугите. Активностите на оваа базна станица не се поврзани со воведување или активирање на 5Г мрежата, бидејќи фрекфренциите за комерцијално користење на 5Г услуги сè уште не се доделени од страна на Агенцијата за електронски комуникации, пишува во одговорот на компанијата.
Во изминатиот период граѓаните на социјалните мрежи објавуваат информации и шпекулации дека функционирање на 5Г мрежата е причина за ширење на коронавирус, угинување на врапци и слично.
Агенцијата за електронски комуникации на својата интернет страница има објавено информација дека до 20 април трае јавен повик за добивање на мислење од заинтересирани страни во врска со издавање на одобренија за користење на радиофреквенции за 5Г, со достава на мислења и забелешки.
А.С