• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Брвеница постави грпки на патиштата во три населени места

19/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Брвеница постави грпки на патишта во три населени места со цел да се обезбеди поголема сообраќајна безбедност, информира градочалникот Јовица Илиевски.  Таканаречените лежечки полицајци се од монтажен тип, а поставени се соогласно основен сообраќаен проект и тендерска постапка.

-Ова беше децениски проблем во Општина Брвеница и особено во Брвеница. По изготвување на сообраќаен елаборат го дадовме до МВР Тетово, добивме позитивен одговор и почнавме со поставување. Станува збор за главните улици низ селата кои се дел од регионалните патишта и се често место на сообраќајни несреќи со фатални последици поради брзо возење. Поставени се пред училишта и пред други установи, изјави Илиевски.

Поставени се вкупно девет вакви сообраќајно технички решенија за забавување на сообраќајот. Од нив пет во Брвеница и по две во Радиовце и Челопек.

-Таргетирани се најкритичните точки претежно пред училишта за забавување на сообраќајот, меѓутоа и на критички точки каде често се случуваа сообраќајни незгоди. Тие се во првиот проект, со надополнување, ако има потреба и во останатите села ќе поставуваме лежечки полицајци. Согласно со закон и со проект, изјави Илиевски.

Регионалниот патен правец Р2233 од Тетово кој минува низ Брвеница до Чегране е делница на која често пати има сообраќајни незгоди во кои и имало и смртни случаи. Во 2010 година смртно беше прегазено четири годишногодишно дете, а во 2012 година 40 годишник.  Чести се и излетувања од патот, па возилата завршуваат во дворовите на куќите на главната улица. 

ас

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Исечени десетици дрвја поради реконструкција на улица во Тетово-Градоначалникот вели дека ќе се реконструира се па и дрворедот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.