• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Желино промовираше ГИС интернет платформа за катастарски изводи и информации 

За изработка на оваа веб платформа општината доби финанска поддршка од владиното Биро за регионален развој. Цел полошки плански регион и сите општини треба да воведат ваков начин на издавање на информации и податоци

01/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Желино ја промовираше ГИС (географски информационен систем) платформата со која граѓаните преку интернет ќе може да добијат изводи од деталните урбанистички планови, информации за градежни парцели и други податоци за катастарски ситуации на општинското подрачје. Желино е прва општина во полошкиот регион која ја воведува оваа можност.

 -Отвораме нова платформа како прва рурална општина што ќе се воведеме ГИС Платформа со тоа што овозможуваме на сектор на урбанизам и на граѓаните на побрз начин, поефикасно и на потранспарентен начин да добијат информации. Што значи сите детални урбанистички планови за кои требало една или две недели за да се издадат сега ќе се издаваат за една минута. Со ова чекориме напред во аспект на транспарентност и брз сервис кон граѓаните, изјави градоначалникот Блерим Сејдиу.

За изработка на оваа веб платформа општината доби финанска поддршка од владиното Биро за регионален развој.

-Цел полошки плански регион и сите општини треба да воведат ваков начин на издавање на информации и податоци. Сите општини од овој регион аплицирале со таков проект со што ќе овозможуваат на граѓаните во секој момент да видат детални урбанистички планови па и извод од ДУП, истакна Рамиз Реџепи, од Биро за регионален развој.

Според Фатмир Саити, директор на полошкиот плански регион воведувањето на оваа платформа покрај скопските градски општини овозможува овие општините да бидат понапредни во комуникацијата со граѓаните и олеснување на нивните потреби за добивање вакви податоци.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Оглас за работна позиција Кредитен консултант во „Флекс кредит“ во филијалата во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.