Општина Теарце денес потпиша два договори согласно кои ќе се почне да се гради прва градинка во оваа рурална локална самоуправа. Објектот е предвидено да почне да се гради за две недели на локација во селото Пршовце на магистралниот пат Тетово-Јажинце.
-Површината е околу 2.100 метри квадратни и капитална инвестиција од околу 1 милион евра. Капацитетот за сместување на децата кои ќе бидат сместени во оваа установа ќе биде околу 170 деца. Значи оваа институција ќе служи не само за Општина Теарце која има привилегија да ја има на нејзина територија, туку и за сите други населени места кои гравитираат и минуваат долж регионалниот пат Тетово-Јажинце, изјави градоначалникот Нухи Незири.
Потпишани беа договорот за градежни работи – „Изградба на градинка во OпштинаТеарце” и договорот за „Надзор над градежни работи за изградба на градинките во Oпштина Тетово и Теарце“. Освен градоначалникот на Општина Теарце Нухи Незири, договорите се потпишани и од претставници од Министерство за финансии, Министерство за труд и социјална политика, како и од компаниите изведувачи.
ас