• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Општина Тетово го отстрани „лежечкиот полицаец“ на „Индустриска улица“- ќе се поставува нов со соодветен материјал

17/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово ноќеска го отстрани оштетениот и проблематичен „лежечки полицаец“ (грпка) на „Индустриска улица“. Сега од локалната самоуправа најавуваат дека ќе поставуваат нова грпка но според законските прописи со друг соодветен материјал. Воедно ќе се продолжи и со намерата за повеќето мерки и активности со цел поголема безбедност на пешаците.

-Грпката од булевар „Индустриска“ е отстранета и веќе до петок  ја очекуваме и дозволата од страна на надлежните органи за нејзино прописно поставување и истата ќе биде изработена  од соодветен материјал на истото место. Со поставување на соодветна сигнализација ќе започнеме кога временските услови ќе го дозволат тоа или поточно после 15 март. Со целосно уредување на овој патен правец планирано е да завршиме до крај на оваа година, изјави Снежана Новаковска, од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.

Откако минатиот викенд беше поставена грпка изработена од градежен материјал и бетонски плочки таа се оштети и делови од целината се најдоа на коловозната лента. Поставување на ограда на средината од булеварот, обележани пешачки премини и сигнализација се активностите кои се планираат со цел поголема безбедност на пешаците.

До Секторот за внатрешни работи Тетово поднесен е проект за поставување на вештачки испакнатини, таканаречени „грпки“, на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, што го изготвиле од тетовската локална самоуправа. 

-Неодамна поставените „грпки“, пак, по барање на СВР Тетово, вчера (16 февруари) се целосно отстранети, бидејќи не ги исполнувале предвидените законски услови согласно член 351 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за средства за забавување на сообраќајот, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. 

Според СВР, со проектот, кој ќе ја добие потребната согласност од СВР Тетово, на неколку места на оваа улица ќе се постават вакви испакнатини, кои ќе бидат заокружени и со соодветни сообраќајни знаци и кои ќе бидат осветлени во вечерните часови. Со поставувањето на „грпките“ ќе се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и посебно на пешаците, дотолку повеќе што на овој потег се наоѓа и училиште, во кое се образуваат и најмлади основци.

А.С

 

 

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Две одземени возила поради истечена регистрација, казната изнесува 500 евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!