• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово го уплати основачки влог за регионално комунално претријатие, се чекаат уште шест полошки општини

24/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово го исплатила делот за основачки влог на регионалното јавно претријатие „Русино-Полог“, информираше денес градоначалничката Теута Арифи, со што вкупно три од девет локални самоуправи го направиле тоа со цел да профункционира регионалната депонија Русино.

В.Д директорот на јавното претријатие Бесим Догани на 22 јуни информираше дека ден претходно видел уплата само од Гостивар и Теарце, иако општините на состанок на полошкиот плански регион се обврзаа да ги исплатат вкупно 20 илјади евра до 15 јуни.

-Основачкиот влог ние го исплативме како Општина. Ние имавме обврска да исплатиме се работеше за 300 или 400 илјади денари. Се надевам дека и другите општини ќе го исплатат. Ние имаме заедничка одлука сите претседатели на општини, на состанокот, веќе  нема потреба никој од нас да ургира, сите се договоривме да ги исплатиме парите од оснивачкиот влог. Можам да апелирам ако случајно некој не го направил да го тоа направи и после тоа малку да си добиеме припомош од Министерството за екологија тоа да почне да биде функционално, изјави денес градоначалничката Теута Арифи.

В.Д директорот Бесим Догани информираше дека од вчера на сметка ги имаат средствата од Тетово, а ги очекуваат и останатите.

-Остануваат уште шест општини од полошкиот регион да платат за основичкиот влог. До 18 август треба според договорот  да се завршат градежните работи во самата депонија. Со тоа се надеваме дека до 20 август ќе имаме функционална депонија со влез и излез, со контролен центар, со електронска мерна вага и ќе остане да отвориме оглас за тројца вработени за обучени оператори на електронска вага и со тоа ќе се заврши овој круг да се профунцкионриа да и се овозможи одлагање смет во Русино, истакна Бесим Догани.

Регионалното јавно претријатие „Русино-Полог беше формирано на конститутивна седница на 31 декември 2020 година, но досега немаше активности. Според министерот за животна средина Насер Нуредини кога општините ќе ги дадат средствата, од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) се очекуваат повеќе милиони евра за камиони, контејнери и понатамошно активно работење на претријатието.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Еден пожарникар вчера повреден во Тетово при гаснење пожар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!