• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово забранува меѓуградски автобуси да застануваат низ градот, полицијата вели не дала согласност

30/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами најави дека од утре 1 јули низ градот нема да се дозволи превозници од другите градови и села да застануваат и да оставаат патници, но полицијата информира дека од општината не добиле такво барање и нема да има забрана за автобусите да застануваат низ градските улици.

Според замислата на Општина Тетово сите автобуси и комби превозници смеат да застануваат само на автобуска станица и пред Универзитетот на Југоисточна Европа. Според нив за понатамошно движење низ градот, патниците треба да користат автобуски градски превоз.

-Линискиот превоз на патници и автобуските постојки за меѓуопштински и општински превоз внатре во улиците на општината го регулира самата општина. Според членот 2 на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за определување на локациите за автобуските стојалишта и свртувалишта на подрачјето на општина Тетово, локациите на автобуските свртувалишта,  како прво се пероните на автобуската станица и второ, пред УЈИЕ во Тетово. Од страна на општина Тетово е информирано Министерството за транспорт и врски , полициската станица за безбедност при сообраќај од Тетово и превозниците. Одлуката е донесена на 9-та седница на Советот на општина Тетово одржана на 07.04.2022 и истата стапува на сила од 01.07.2022 година, информираат од Општина Тетово.

Во врска со најавената забрана од тетовската локална самоуправа за влегување на превозни возила во Тетово, а која треба да започне да се применува од први идниот месец, Секторот за внатрешни работи Тетово категорично демантира дека за ваквата забрана е остварена координација со неговите надлежни служби од Одделението за полиција, односно со инспекторите по сообраќај.

-Секторот за внатрешни работи Тетово нагласува, исто така, дека до овие служби не е доставено никакво писмено барање, ниту известување околу најавената забрана.СВР Тетово појаснува дека на секоја измена на сообраќајниот режим треба да и претходи изготвување на ревидиран стручен проект и согласност од Министерството за внатрешни работи, а не да се преземаат чекори на своја рака и надвор од законски предвидената процедура.  Секторот за внатрешни работи Тетово секогаш е отворен за соработка со локалните самоуправи од подрачјето, но исклучиво во рамките на неговите законски ингеренции и важечките процедури и постапува согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, вели Марјан Јосифоски, портпаол на СВР Тетово.

Доколку службите на СВР Тетово констатираат законски неправилности, во конкретниот случај поврзани со најавената забрана, Јосифоски најавува дека адекватно ќе реагираат и ќе изготват пријави против сите кои ќе ја прекршат законската регулатива, без разлика дали станува збор за институции, правни или физички лица.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Гореше смет, бандера и кабли за електрична енергија кај православните гробишта во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.