• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Тетово најави дека во блиска иднина целосно ќе ги исплати пожарникарите

18/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Општина Тетово испрати соопштение до јавноста по повод денешниот протест одржан во кругот на тетовската територијална противпожарната единица организиран од членовите на независниот синдикат на државната администрација.  Од таму посочуваат дека во иднина ќе ги доплатат додатоците на плата за пожарникарите согласно договорот со нив.

-Општина Тетово досега плати дел од финансискиот надоместок за пожарникарите во Тетово, а во блиска иднина целосно ќе ги исплати и преостанатите два дела од овој надоместок во вкупен износ од 40.000 денари за секој пожарникар. Во границите на важечката законска рамка, се обидовме да ја поддржиме и да покажеме дека ја цениме работата која ја извршуваат пожарникарите во Тетово, служејќи им на граѓаните не само на Тетово, туку и на уште 5 други околни општини. За регулирање на статусот и задоволување на потребите на пожарникарите потребна е посветеност на државно ниво бидејќи овој проблем не е локален, туку е проблем на целата држава, се вели во соопштението од Општина Тетово.

Утрово во 10 часот дел од пожарникарите одржаа протест барајќи од општината како основач да ги исплати ветените додатоци на плата кои беа предмет на договор во јуни 2019 година.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Отворена канцеларија за бесплатна правна помош за оштетените потрошувачи на електрична енергија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.