• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово најави дека ќе продолжи пробивањето на булеварот ,,Благоја Тоска” по неколку месечниот застој 

11/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово ја информира јавноста дека во понеделник ќе започнат работите за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“.

Пробивањето започна во време на претходното раководство на општината, а градоначалникот Биљал Касами по преземање на должноста започна процес на анализирање на проектот. 

-Работите ќе започнат од делот кај текстилното училиште и ќе завршат кај  мостот во близина на Клиничката болница. Завршени се сите подготовки, односно решени се имотно правните прашања, извршена е експропријација на земјиштето и сега нема никакви пречки за почеток на работите.Пробивањето на овој булевар е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ќе го растовари сообраќајот во градот и ќе создаде многу подобри услови за сите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на општината.

Булеварот „Благоја Тоска“ е една од главните сообраќајници, а се смета дека со пробивањето ќе се олесни сообраќајот на другите две главни оски во градот.

-Стручните лица од Општина Тетово од почетокот на мандатот на градоначалникот Касами, потенцираа дека едно од примарните проблеми за решавање е пробивањето на булеварот, а тоа ќе стане реалност од понеделник. За ова се обезбедени сите потребни дозволи. Се надеваме дека за многу кратко време Булеварот ќе профункционира. Ова беше и едно од нашите предизборни ветувањата. Остануваме посветени не само на пробивање на овој булевар, туку и на другите булевари и улици со кои Тетово ќе добие изглед на еден современ град, како во развиените земји, посочија од општинската власт.

Минатата недела градоначалникот информираше дека се завршени сите три заостанати предмети за експропријација на земјишта каде треба да минува трасата од булеварот. 

ас

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Поставени столбови на дополнителен број тротоари во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.