Општина Тетово донесе одлука оваа година да не се издаваат одобренијата за користење на јавна површина на плоштадот за продавање на новогодишни честитки, украси и слични предмети. Во денешното соопштениет до јавноста од таму образложуваат дека одлуката е врз основата на прописите за спречување на ширење на коронавирусот.
-Согласно наредбите донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија и според прописите од здравствените органи поради пандемијата со Ковид 19, општина Тетово ве известува дека донесе Одлука, за ова година да не издава одобрение за користење на јавна површина (тезга) за во центар на градот за време на новогодишните празници. Ќе се казнува според законите што се во сила секој што ќе се обиде да ја прекрши оваа одлука, која ќе важи се додека Владата на Република Северна Македонија не донесе некоја нова одлука, се вели во известувањето од Општина Тетово.
Општина Тетово веќе донесе и одлука дека нема да има средства за предновогодишно украсување на градот како и дека нема да има новогодишен дочек.
А.С