За импровизираните тезги на плоштадот и насекаде низ Тетово градоначалникот Биљал Касами вели дека ќе се бара решение како со примерот на зелениот пазар. Таму продавачите кои тргуваат на јавни површни и тротоари почнаа да продаваат во внатрешноста на пазарот. Сега и за други продавачи според Касами ќе се бараат соодветни места да продолжат со трговија.
-Интервениравме на најпроблематичните точки, а тоа е во делот на зелениот пазар. Ние ќе одиме и понатаму но секогаш ќе интервенираме таму каде што ќе можеме да им понудиме алтернативни решенија на граѓаните затоа што знаеме дека мора тие некаде да продаваат. Така да во другите делови ние ќе продолжиме со акцијата но од кога ќе им понудиме решенија затоа што кај пазарот веќе имаше решение тие да влезат внатре и со наше меѓусебно разбирање веќе договоривме да им овозможат услови тие да влезат во пазарот и мислам дека тој проблем веќе е решен, изјави Касами при денешната средба со новинарите.
За поставените билборди низ градот на кои е напишан долгот на општина Тетово, Касами посочи дека ги добиле бесплатно во договор со фирмите од оваа област кои за тоа и плаќааат надомест на локалната самоуправа.