• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово објави список на склучени договори на дело за трите месеци од 2022

06/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово на својата интенет страница објави список на сите договори на дело склучени со физички лица за првите три месеци од тековната 2022 година. Во соопштението до медиумите велат дека со ова го исполнуваат ветувањето дадено пред  јавноста, објавувајќи ги  договорите на дело.

-Свесни сме дека најдовме преоптоварена администрација, но потребата од стручно насочување не натера да ги засилиме редовите за да можеме да ги реализираме барањата на граѓаните кои не беа земани во предвид со години, односно беа занемарувани. Општина Тетово во првите три месеци од годинава склучила вкупно 78 договори. Од нив, 30 се договори кои се од претходната администрација. Од останатите договори, значителен број се ангажирани во Општинскиот инспекторат како одржувачи на редот, бидејќи констатиравме дека имаше значителен недостиг во оваа област, се вели во соопштението на Општина Тетово

Информираат дека некои договори склучени од 1 јануари годинава се главно административци ангажирани во Комисијата за легализација и урбанизам.

-Тоа е поради големиот обем на работа што овој сектор го има како резултат на големиот број предмети кои треба да се решат и со ова граѓаните да ги легализираат објектите навреме и според Законот за легализација. Друг дел е ангажиран по потреба во различни сектори, како што е Кабинетот на градоначалникот, почнувајќи од организациониот дел, Канцеларијата за комуникација и односи со јавноста итн. Транспарентноста, отчетноста, одговорноста кон јавноста и кон граѓаните на Тетово, остануваат главен императив на нашата работа, порачаа од Општина Тетово.

Исто така известија дека сите ангажирани со договор на дело, на крајот од секој месец доставуваат извештај за сработеното.

ас 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Во првите три месеци од 2022 имало 238 сообраќајки-седум помалку од истиот период лани

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.