• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Тетово организираше прием за медицинскиот персонал и други кои помагале за време пожарот во модуларната болница

12/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската градоначалничка Теута Арифи организираше прием за поединци и претставници на институции кои помагале при пожарот во модуларната болница на 8 септември и спречиле трагедијата да биде уште поголема.  Во зградата на Општината дојдоа лекарите и медицинскиот персонал кој вечерта работеше во монтажниот објект, како и пожарникарите, полицајцим војници и други личности.

– Во овие тешки моменти за нас за целиот персонал од болницата, сочувство до сите граѓани на Тетово особено до семејствата на починатите. За нас во овие моменти е многу тешко, нема простор за зборови, меѓутоа наоѓаме сила како што сме наоѓале досега. Во овие моменти не можам да најдам зборови, ќе бидеме и понатака покрај нашите пациенти до кога има потреба, изјави докторката Евсале Треси.

Според градоначалничката храброста, професионалноста и солидарноста но овие луѓе кои дојдоа во општината даваат надеж на светлина во овие темни денови.

-Денес е вашиот почесен ден. Сакам да ви се заблагодарам од срце во име на преживеаните, но и во име на целиот наш град. Знам дека во овие неколку дена, не можевме да ги идентификуваме сите оние што помогнаа и не сите се тука денес, но нашата благодарност е до сите оние што придонесоа да се спречи оваа трагедија да биде уште поголема. Благодарност и за вашата работа како медиуми која беше важна да граѓаните добијат потврдени и  точни информации. Во секоја трагедија има и жртви но и свои херои и тие треба да бидат испочитуватни и да бидат како примери дека животот може да ја надвладее смрта, истакна Теута Арифи,

На новинарско прашање каква е опременоста на општината и локалните установи за превенција од пожари Арифи рече дека заедно со протипожарната единица работат на нивно екипирање и инвестиции кај нив, како и дека се прави редовна контрола на објектите во однос на опременост за прва интервенција со противпожарни апарати.

ас

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Ангел Карапетров носител на листата со кандидати за советници на ВМРО ДПМНЕ во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.