• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Тетово побара од Владата да се прави нова обиколница

20/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На владината седница која се одржи во Тетово, градоначалничката Теута Арифи побарала да се изврши нова категоризација на локален пат за да може да се гради обилколница која ќе ги опфаќа западниот и северниот дел од градот во правец кон Косово, информираат од локалната самоуправа. Станува збор за делницата од селото Требош па се до спојот со регионалниот пат Тетово-Јажинце.

-Ова беше наше барање поставена на владината седница и прифатено во форма на заклучок.  Идејата е да се направи обилколница за да тие возила кои не им е градот крајна дестинација, да го заобиколат Тетово и да продолжат кон другите дестинации, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Ваквата обиколница би значело движење на возилата надвор од Тетово кон северозапад и стигнување до населените места во општините Теарце и Јегуновце, граничниот премин Јажинце кон Косово.

Инаку во Тетово за да да се избегне сообраќајниот метеж со возилата на кои  градот не им е крајна дестинација се прави обид од локалната самоуправа да се продолжи булеварот Видое Смилевски-Бато.

-Се надеваме дека во март ќе започнеме со работа. Во текот на зимата ќе се работи на експропријација за што веќе се обезбедени пари од буџетот на општината, рече Арифи.

Автопатот Скопје-Тетово-Гостивар засега претставува единствената обиколница доколку возилата се движат кон Гостивар и кон Охрид без да влегуваат во градот.

 

Тагови: новаобиколницаТетово

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Етно вешта жена и вешто дете“ со хуманитарен карактер се одржа во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.