• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово сака привремено да пренами дел од булевар во шеталиште, полицијата не одобрува

12/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Претставниците на Општина Тетово велат дека поради недобивање дозвола од МВР-СВР Тетово не можат да реализираат активности од културен-општествен карактер посветени на дијаспората кои сега доаѓаат во родниот крај. Тие предложиле до полицијата дел од булеварот „Илирија“ од кружниот тек кај пазарот до кружниот тек кај Центар за култура да биде навечер затворен за сообраќај за да биде шеталиште.

-Се обидовме да создадеме слободно движење барем додека трае вашиот престој тука, да го отвориме „Шеталиштето на дијаспората“,што ќе ви овозможи да уживате во вашиот град – Тетово, како што е традиција во секој модерен град. Изненадени сме што МВР, односно Секторот за внатрешни работи во Тетово, не дозволува да се реализира активност која е во целосна надлежност на локалната самоуправа, иако бевме сведоци дека во текот на изминатите години, за време на летниот период, не само овој булевар, туку и други улици беа затворени, блокирајќи цели населби, а тоа никогаш не му пречело на МВР. Ова не може поинаку да се објасни освен продолжување на носење одлуки со политичка заднина против општина Тетово и граѓаните, кои за жал овој пат ги таргетираат и исселениците, изјави Бесар Дурмиши, член на Комисија за спроведување на Тетовско културно лето.

Според Дурмиши од страна на Секторот за комунални дејности бил изготвен и основен сообраќаен проект за ограничување и забрана на движење на возила во вечерните часови почнувајќи од 01.07.2022 до 31.08. 2022 година согласно член 155 и 156 од Законот за безбедност во патниот сообраќај и бил пратен до СВР Тетово.

-Она што изненадува е фактот што по сите прелиминарни консултации и усни одобренија од претставници на МВР и законски обврски, одговорот е негативен. Ова ја оневозможува реализацијата на овој проект, кој ќе беше одлично прифатен од граѓаните, а особено од бизнисите концентрирани во овој дел од градот, знаејќи дека приходите од доаѓањето на иселениците е финансиска инекција за локалната економија. Ако оваа власт не знае да го почитува човечкиот аспект, барем очекувавме дека ќе го почитуваат материјалниот како што се навикнати, но за жал и во овој случај покажаа дека се нехуман, рече Дурмиши.

Од тетовската полиција преку соопштение објаснуваат дека барањето не се прифаќа поради долгиот временски период кој го бара  Општина Тетово за измена на сообраќајниот режим на дел од булеварот „Маршал Тито“  („Илирија) во периодот од први јули до 31 август и во дневниот период од 20 часот до 01 часот наредниот ден.

-СВР Тетово го  одбива ова барање и нема да го одобри истото,  а за што ќе изготви и соодветно решение кое ќе биде испратено до барателот.Согласно  член 347 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објектите наменети за сообраќај (патишта, улици и друго) не можат да се пренаменат за други потреби и особено не толку долго време, информираа денес од СВР Тетово.

Општината планира настани и активности во областа на културата во периодот од 15 до 31 јули.

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Тројца приведени поради најдена марихуана-еден од нив малолетник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.