• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Тетово се уште утврдувa факти околу тужбите за земање плата, а не доаѓање на работа

23/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами вели дека како општина се уште се обидуваат најдат начин како тие што земале плати а не оделе на работа да ги враќаат парите. Вели дека долгот на општината почнува да се намалува но тоа не го образложи со бројки на денешната средба со новинарите по повод 100 дена од неговото работење како прв човек на локалната самоуправа.  

-Некои што не доаѓаат на работа се преземаат соодветени дисциплински мерки. Тие што биле ангажирани со договор на дело веќе сме во фаза на процесирање на информациите од финансиски аспект затоа што има друга компликација таму. Во сметководството не се евидентирани договорите на дело, во сметководство плаќањата се евидентирани како трошок. Ние треба да „копаме“ во финансии за да најдеме информации во текот на 2021 колку се платени по секое лице за да официјално побараме од нив да ги вратат парите. Ако во определен рок не ги вратат парите тогаш ќе се констатира конкретната сума на оштета на буџетот за која ние ќе покренеме постапка преку институциите, посочи градоначалникот Касами

Според него каматите се причина за промена на износот кај долговите за кои постојат решенија за наплата од извршители.

-Според нашите проценки долгот е намален но не може да кажеме и да дадеме конкретни и прецизни цифри затоа што според информациите кои веќе се објавени над седум милиони евра е долг кои се со извршни решенија. Според законите од моментот на реализација на тие извршни налози се докалкулира затезна камата. А тоа може да се види до моментот само кога ние целосно ќе ги реализираме тие извршни решенија колку ќе биде дополнителниот долг создаден од затезните камати, објаснуваше Касами.

Тој истакна и дека со дел од доверителите се во фаза на договорање на одложено плаќање, но и тужење на суд.

-Делот од тие земаат по извршните налози. Од оваа сума (седум милиони) веќе милион евра ни се земани од сметката, а дел од тие се и према некои налози кои за нас не се прифатливи и се оптужени. Сме во фаза на оптужување, поконкретно за дел овие обврски кои се поврзани со експропријација на едно земјиште кое е од многу поодамна и според нашите информации, одлуките не се согласно законите и веќе почнавме да постапуваме и да бараме одговорност. За овој дел ќе видиме како ќе бидат конечни судски одлуки, потенцира Касами.

На новинарско прашање зошто се отстранети голем број нови сообраќајни знаци за еднонасочни улици Касами рече дека тоа е направено по налог на полицијата.

-Формално правно СВР интервенираше затоа што претходно немало дозвола од нивна страна, а одлука на Советот има. Ние пуштивме барање и уште немаме одговор, рече Касами.

Во однос на улица „Страшо Пинџур“ каде со месеци се чека завршување на реконструкцијата Касами рече дека тендерот за канализација и за вода е во процедура. Објасни дека кога ќе се завршат тие процедури, ќе се реализираат и градежните работи, а процени дека до почеток на летото ќе се завршат работите.

ас

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Градоначалникот Касами најави изградба на фабрика за преработување на отпадот и негово искористување за енергетски цели

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.