• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Општина Тетово со буџет од 26 милиони евра за 2022 и дефицит од над 500 илјади евра

28/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово на денешната четврта седница го усвои буџетот за 2022 година кој има дефицит од 33 милиони денари.  Општина Тетово има предвиден приход од една милијарда 623 милиони 769 илјади денари (над 26 милиони евра) додека за расходи една милијарда 656 милиони 826 илјади и 526 денари.

-Овој буџет не е развоен и не ги рефлектира моите програмски определби. Имаме законска рамка да се подготви буџетот кој не ни овозможува да превидиме тоа што ние би сакале да биде предвидено во делот на капиталните инвестиции. Согласно законската рамка ние сме ограничени на просекот од реализација на последните три години кои за жал беа катастрофални во делот на прибирање на изворните приходи на општината. На вчерашната дебата имавме многу предлози за вметнување на проекти кои се во интерес на граѓаните кои ги имаме во предвид и истите во првиот ребаланс кој ќе биде предложен во текот на 2022 ние сме сигурни дека со подобрување на прибирање на приходите ќе се создадат дополнителни средства кои ќе бидат ориентирани во делот на капиталните инвестиции, изјави градоначалникот Биљал Касами.

Според него за овој буџет се предвидени минимални тековни активности како што се плати и некои проекти неопходни во делот на инфраструктура. Тој рече дека значително ќе се намалат средствата наменети за луѓе со договори на дело.

-Се работи за општинска администрација со решение за вработување кои ги штитит законокот, а има од нив кои не доѓаат на работа и не ги извршиуваат работни задачи, за што ќе се преземат соодветни мерки. Има некои неопходни активности кои се вон систематизација. Една таква е и легализација на дивоградби каде не е предвиден процесот на систематизација за постојните активности кај веќе вработени за што ќе ни требаат дополнително ангажирање на луѓе кои ќе се занимаат со таа проблематика. Досега биле предвидени околу 400 договори на дело за кои биле определени 54 милиони денари за хонорари. Сега ќе бидат предвидени само седум милиони денари за ангажирање на професионалци, пример за експерти за ДУП и ГУП, тоа ќе бидат 15-20 луѓе за конкретни активности, изјави Касами. 

За буџетот гласаа 18 советници, додека 12 беа воздржани. За разликата од 33 милиони денари, 28 милиони ќе се надминуваат со кредити. 

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава
Тетово, зелен пазар

Реакција на семејството чиј починат родител беше предаден на обдукција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.