• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово со најава дека ќе се поделат 30 илјади маски

Добивме донација од 30 000 заштитни маски кои ќе бидат дистрибуирани во домовите на граѓаните, а дел од нив ќе бидат дистрибуирани и до вработените во ЈКП Тетово и Територијалната противпожарна единица, кои секојдневно вршат дезинфекција на улиците и ја одржуваат хигиената во Општина Тетово, истакна градоначалничката Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб.

27/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Трисет илјади заштитни маски добила општина Тетово од владините институции за кои од Кризниот штаб соопштија дека дел ќе се дистрибуираат до домовите на граѓаните. Кризниот штаб денес одржа девети состанок.

– Владата на Република Северна Македонија позитивно одговори на барањето на Кризниот штаб на Општина Тетово и добивме донација од 30 000 заштитни маски кои ќе бидат дистрибуирани во домовите на граѓаните, а дел од нив ќе бидат дистрибуирани и до вработените во ЈКП Тетово и Територијалната противпожарна единица, кои секојдневно вршат дезинфекција на улиците и ја одржуваат хигиената во Општина Тетово, истакна градоначалничката Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб.

Според Кризниот штаб во тетовскиот регион има 74 лица заразени со коронавирус. Од друга страна попладнево Министерството за здравство објави дека вкупно се 75 лица.

-Сакаме да го потенцираме фактот дека во општина Тетово се идентификувани 5 нови извори или кластери на можна инфекција со КОВИД19, па затоа е многу важно граѓаните да бидат многу внимателни и да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните здравствени органи.
Апелираме до сите граѓани да го следат регуларниот начин на лекување, особено да се почитува здравствениот протокол на правилно презентирање на симптомите пред матичните лекари и надлежните здравствени установи, истакна Арифи.

Тетово повторно има најмногу 29 заболени (2 починати) општина Боговиње 26 (починат 1), општина Теарце 5, општина Брвеница 6 (починат 1) општина Јегуновце 4 и исто толку 4 заразени во општина Желино. Министерството за здравство објави дека денес се бележи и прв смртен случај и во Желино на 58 годишна жена на Клиниката за инфективни болести.

А.С

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава
МВР

Кривична пријава за 33 годишник од Требош поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.