Градоначалникот на Тетово Биљал Касами на прес-конференција презентираше план за проширување и зголемување на паркинг местата во градот. Според Касами, Тетово од сега постоечките 640 паркинг места ќе добие вкупно 3730 паркинзи. Овој план ќе се реализира во пет фази.
-Во прва фаза јануари-март ќе имаме додатни 195 зонски паркинзи додека како и 230 места во затворени паркинзи или вкупно ќе имаме дополнително 425 места. За овие места се потребни само сообраќаен проект и согласност од страна на СВР Тетово. Во втора фаза во периодот април-јули се опфатени нови затворени паркинзи каде ќе имаме 415 места. За оваа фаза ќе се подготвуваат геодетски мерења, инфраструктурни проекти, земање на соодветни дозволи, сообраќајни проекти и согласности од СВР Тетово, рече Биљал Касами.
Третата фаза е период јули-септември при што ќе се работи на дополнителни паркинг места на двата најголеми булевари.
-Булеварите Благоја Тоска со 150 паркинг места и дел од булеварот Илинден со 180 места. Ќе има интервенции во проширување на профилот на улиците и изготвување соодветни документи и добивање дозволи од СВР Тетово. Четврта фаза од септември до декември е за нови 130 места во затворени паркинзи.Ќе се изготвуваат геодетски елаборати, инфраструктурни проекти и соодветни дозволи, рече Касами.
Петтата фаза предвидува паркирање на катови на две локации околу зелен пазар со каде се предвидени 280 и 350 паркинг места, локација кај судот и катна гаража на Попова Шапка со 924 паркинг места.
-Работниот тим започна со анализи и проектирања на планот, ќе се регулираат имотно правни работи со кастартски парцели на паркиралиштата, разгледуавње на ДУП, ќе се подготвуваат геодетски елаборати и соодветни дозволи, потенцира Касами.
Во моментот Тетово има 640 паркинг места од кои 420 се локации за зонско паркирање и 220 во затворени паркинзи.
ас