• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово ја запре реконструкцијата на улица „Страшо Пинџур“ поради реакциите и несогласувања од советниците

20/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Општина Тетово испрати допис до медиумите со цел да се известат граѓаните дека на улицата „Страшо Пинџур“ ќе прекине вчера почната реконструкција поради несогласувањата и реакциите кај дел од советниците од граѓанската иницијатива  „Подобро за Тетово“. Сега од општината велат дека ќе чекаат од тие советници предлози како да се продолжи со работа.

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, беше присутен на почетокот на работите , каде пред граѓаните и новинарите истакна дека проектот вклучува нова водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, отстранување на старите дрвја и нивна замена со нови дрвореди согласно проектот.

 – Општината ќе чека појаснување од советниците од Листата „Подобро за Тетово“, за нивните реакции и каков е нивниот предлог да се продолжи со работа. Веќе е познато дека оваа улица е непроодна повеќе од една година, а најголеми загуби имаат стопанствениците на локали кои работат во овој дел од градот и граѓаните кои секојдневно се движат на оваа патна оска. Сите ја разбираме важноста на животната средина и поради оваа причина потенциравме дека ќе бидат засадени нови дрвја. Бараме извинување и разбирање од граѓаните за прекинот на работите, но гарантираме дека по решавањето на споровите, работите ќе продолжат според планираното, се вели во дописот од Општина Тетово.

Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ и други организации вчера реагираа на тоа што поради реконструкцијата се исечени десетици дрвја. Тие истакнаа дека не било потребно да се сечат дрвјата бидејќи не се менува профилот на улицата туку само се реконструираат материјалите и елементите на коловозната лента и тротоарите.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

„Подобро за Тетово“ : Немаме побарано да прекинат градежните работи на улица „Страшо Пинџур“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.