На електронскиот систем за јавни набавки објавен е договорот кој на 14 април Општина Тетово го склучи со фирма од Желино за изградба на монтажна катна гаража за паркирање на возила. Вредноста на договорот е 824 илјади евра. Објектот ќе се гради и монтира во урбан блок 37 на веќе постоечки паркинг позади зградите кои наоѓаат на улиците „Јане Сандански“ и „Маршал Тито“.
-Предмет на овој договор е„Изградба на монтажна катна гаража во урбан блок 37“ согласно спроведена отворена постапка за јавна набавка. Изведувачот работите ќе ги изведе за вкупна вредност од 50 милиони 687 илјади денари 608 денари со вклучен ддв, стои во договорот кој е објавен на интернет страницата на електронскиот систем за јавни набавки.
Договорот се склучува на определено време за период од една година од денот на склучување. Во документот е наведена динамина на извршување на работите, како и договорна казна за задоцнување или неисполнување на договорот.
А.С