Во неколку населени места во рамки на Општина Јегуновце денес се исклучени диви приклучоци од системите за јавно осветлување. Според информацијата на општината, утврдено е дека високите износи за електрична енергија кои стигале за уличното осветлување се должат на нелегалните приклучувања на столбовите.
-Поради насоките и укажувањата од ЕВН за драстична потрошувачка на електична енергија од уличното осветлување и зголемениот број на диви приклучоци на јавното осветлување, во координирана акција со надлежните служби по претходно донесен план, континуирано ќе вршиме контрола на системите на јавно осветлување се со цел да ги намалиме трошоците за електрична енергија и исклучување на нелегалните приклучоци. Апелирам до граѓаните за поголема јавна свест, да не се злоупотребуваат системите за јавно осветлување бидејќи индиректно со тоа нанесуваат штета на општинскиот буџет и на средствата од даночните обврзници на општина Јегуновце.Граѓаните на општина Јегуновце и институциите имаме обврска домаќински да се однесуваме со јавните добра и услуги, порача градоначалникот Димитар Костадиноски.
Општината информира дека акцијата ќе продолжи во сите населени места.
ас