Општина Јегуновце и градоначалникот Димитар Костадиноски испратија демант и соопштение до јавноста по соопштението на СДСМ Јегуновце. Двете реакции ги објавуваме во целост.
Демант за лагите напишани од Стефановиќ, претседател на О.О. на СДСМ Јегуновце.
-Лица ангажирани со договор за дело во Општина Јегуновце претставува злоупотреба на буџетот. Договор за дело (извршување на физичка или интелектуална работа) се прикажува како да се однесува за вработување а во основа овој тип на договор не е и не смее да биде вработување!
Имено, Законот за работните односи не препознава договор за дело а единствено може Работодавецот со определено лице да склучи договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавецот (посебни договори), додека согласно Законот за облигационите односи со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест. Во ниту еден закон или подзаконски акт, исплатата на надоместокот не се поврзува со статусот (вработен/невработен) на вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи).
Едноставно, доколку општината и градоначалникот, имале реална потреба за изработка или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, доколку истата е извршена, нарачувачот (општината) е должен за тоа да му плати надоместок.
Како суштествени состојки на договорот за дело се извршувањето на работата и надоместокот.
Очигледно не се работи за работен однос или вработување а со тоа се разобличува лагата на Стефановиќ!
Дополнително претставува проблем што нема трага, извештај или било каков друг доказ за извршување на физичка или интелектуална работа согласно потпишаните договори а со тоа може да се заклучи дека целта на овие договори е грубо испумпување на општински пари за партиски активисти за што ќе доставам соодветен поднесок за да се направи истрага од страна на надлежни институции за сите склучени договори за дело во Општина Јегуновце, заради ненаменско и неосновано исплаќање на надоместоци, се вели во соопштението на општината Јегуновце.
Градоначачникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиноски исто така реакција на соопштението на СДСМ Јегуновце.
-Градоначалникот на Општина Јегуновце, НЕ избркал никого од работа и нема намера да го троши времето со било каков реваншизам и да ги дели луѓето по било кој основ. Неспособноста на нивниот кадар за Градоначалник, има оставено купишта проблеми кои се решаваат и кои претставуваат единствена преокупација изминативе неколку дена а проблемот со луѓето на кои договорот за вработување им истекол на 31.10.2021 година, нека го адресираат кај нивниот сопартиец кој ценел дека овие луѓе му биле потребни само до 31.10.2021година!
Вработувањето во Општина Јегуновце, додека сум јас Градоначалник, ќе се спроведува врз основа на закон, во транспарентна постапка и најважното, со објавување на јавен оглас!
Јас немам основ и немам намера, праксата на неспособниот пред мене да ја продолжам и луѓето да ги правам зависни од мене, партија или било кого и да потпишувам договори за вработување на неколку месеци или договори за дело без да постои реална потреба во Општината.
Нагласувам: бизнисменот и неговите потрчковци нека не се перат преку мене за да ја оправдаат својата неспособност а за вработените во Општина Јегуновце ич да не му ја мислат, администрацијата ќе биде сервис на жителите на Јегуновце и соодветно на квалитетот на услугата ќе бидат наградени. Секако ќе добиваат редовно К15 и јубилејни награди, право кое им беше скратено од неспособниот поранешен градоначалник за кое има заведено судски спор од вработените во Општина Јегуновце, истакнува Костадиноски.