Општините од Полошкиот регион се уште не ги дале парите за да почне да функционира заедничкото регионалното јавно претријатие „Русино-Полог“кое беше формирано на 31 декември 2020 година, а тоа се очекува од нив да го направат наредната недела, вели министерот за животна средина Насер Нуредини.
При конституирањето на регионалното претријатие од страна на Центарот за развој на полошкиот плански регион, кои го координараат проектот Управување со цврст отпад во Полошкиот плански регион, а воедно и претријатието, беше најавено дека ќе започне изградба на системот за отстранување на отпадните води од самата депонија, изградба на рампа за пристап и контрола, како и пристапен пат.
-Мора да се разбере дека општините треба одвојат средства за основачкиот капитал за формирање на регионалното јавно комунално претријатие. Зборуваме за 20 илјади евра вкупно. Не знам зошто се уште не ги платиле. Се сретнавме минатата недела. Заедно се согласивме за краен рок 15 јуни за нив да го платат оснивачкиот влог. Ние сме тука да ги поддржиме. Јас им нудам ова последните две години, локалните власти едноставно треба тоа да го поддржат и да почнат да соработуваат со нас, изјави министерот Насер Нуредини.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, воедно и претседателка на Полошкиот плански регион потврдува дека општините овој период се уште не ја завршиле таа обврска.
-Сите општини сме формирале заедничко комунално претријатие што е регионално. Се обврзавме значи сите општини да ги платиме средствата за основачкиот влог додека апсолутно сите заедно се надеваме дека со ставање во функција на ова претријатие ќе се создавдаат можности за подобра ситуација за целиот регион. Со исплаќање на основачкиот влог се надевам дека ќе почнат да функционираат побрзо, изјави Теута Арифи.
Министерот Нуредини потенцира дека централната власт постојано ги поддржува локалните самоуправи во овој процес и дека пари се наоѓаат за да се реализира оваа замисла. Проектот Управување со цврст отпад во Полошкиот плански е помогнат со еден и пол милиони швајцарски франци со поддршка на швајцарската влада, а тој вели дека средства се предвидени и за другите работи.
-Понатаму чекаме од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) да ни одобри 55 милиони евра кои ќе бидат инвестирани низ целата земја од кои 17 милиони евра ќе бидат инвестирани во Полошкиот регион. Прво ќе се рехабилитира Русино, па понатаму ќе се купат камиони, контејнери, за целиот регион. Ние како Влада сме посветени да ја поддржиме локалната власт да најде решенија, изјави министерот Насер Нуредини.
Во текот на целата 2020 година се чекаше на конституирањето на заедничкото претријатие, а како причини се наведуваа ситуацијата со коронавирусот, одлуки на советите на општините за номинирање на членови на одборите како и изборите во јули.
А.С