• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општинската организација на ДОМ од Тетово со три предлог идеи за подобра еко-состојба

Валентин Тасески, претседател на општинската организација на ДОМ од Тетово на прес-конференција ги истакна предлозите на партијата.  Се предлага на влезовите во Тетово возилата преветивно да ги мијат тркалата, продолжувањето на булевар да има на Благоја Тоска наместо на ткн. Индустриска улица и на Попова Шапка да има изградба на отворени паркинзи и замена на постоечките лифтови и жичари  со нови.

16/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Валентин Тасески, претседател на општинската организација на ДОМ од Тетово на прес-конференција ги истакна предлозите на партијата.  Се предлага на влезовите во Тетово возилата преветивно да ги мијат тркалата, продолжувањето на булевар да има на Благоја Тоска наместо на ткн. Индустриска улица и на Попова Шапка да има изградба на отворени паркинзи и замена на постоечките лифтови и жичари  со нови.

-Првата тема се однесува на аерозагадувањето т.е. на неговото превенирање во кој контекст сакаме да дадеме дополнително решение на предложениот  и административно процесуиран предлог за градење на паркинзи на влезовите во градот. Сметаме дека придонес во превентивата може да даде монтажата на армирано бетонски корита слични на оние кои се монтираа на граничните премини за борба против шап и лигавка со помош на кои би се миеле гумите на возилата кои ќе влегуваат во градот. Знаеме дека ова ќе изгледа малку чудно, но многу почудно е што општината која го има едниот  од 5-те најголеми општински буџети 30 г. не може  да купи нови водени цистерни за миење на улиците. Затоа сметаме дека за ова решение кое како техничко – финансиско исто ќе биде поднесено во општинската администрација и кое чини колку 1/4 од цената на една цистерна  треба озбилно да се размисли и истото да се реализира поготово што дел од него може да се аплицира и на градилиштата.

Втората тема се однесува на булеваров на чиј крај сега се наоѓаме. Сакаме да го пофалиме чинот на неговата рехабилитација иако како по правило се изведува без средства од општинскиот буџет, но истовремено и да кажеме дека неговото продолжување низ спортскиот центар е скоро целосно нецелисходно заоа што влијанието врз сообраќајот и загадувањето, со померување на текот т.е. гужвата за околу 500 м, ќе биде скоро никакво. Затоа предлагаме средствата за овој зафат да се искористат за продолжување на второто слепо црево т.е. бул.“ Благоја Тоска “ на делот позади стадионот и преку реката Пена, а овој простор зад нас да се остави за изведба на градски парк од страна на некоја друга општинска гарнитура. Ова исто така ќе биде административно процесуирано до општината. На крајот ќе напоменеме дека беше обзнането дека за  ваквиот зафат општината ќе се задолжи со преку 1 милион евра.

Третата тема е на некој начин кулминација на кампањскиот занес на министерот за економија кој не ги пушти новинарите на презентацијата на студијата за Попова Шапка, па истата „ мирисаше “ на многу поранешни кампањи. Затоа сакаме да апелираме до Премиерот покрај декларативните критики за нетранспарентноста да ја демантира и изјавата на истиот министер за изградба т.е. проектирање на гондолската жичара кон Попова Шапка.  Ваквиот зафат е или замајување на јавноста како многупати до сега пред избори или ќе биде уште еден финансиски штетен зафат од 300.000 евра за кој како алиби параван се користи нашата планина, а од проста причина што проектот за ваков објект најдобро е да го изработи некој  иден  тендерски изведувач на жичарата. За да не се повторува оваа нон стоп  во најмала рака замајувачка пракса што ја користат партиски зависни министри, бараме од Премиерот наместо неа Владата конкретно да намени во новиот буџет половина од цената за жичарата или околу 15 милиони евра, но за изградба на отворени паркинзи на Шапка и замена на постоечките лифтови и жичари  со нови, веднаш по Нова Година да објави тендер за нивна набавка и до почеток на идната сезона истите да се монтираат. На тој начин  на почетокот на идната година сите заедно ќе може да се гордееме со квалитетно враќање на центарот на туристичката сцена на која со своите неспорни предиспозиции  многу бргу може да напредува и да носи значителни приходи. Истовремено по кој знае кој пат, а независно од предлогот, ќе побараме отворање на транспарентна, брза и широка стручна дебата за изнаоѓање на најдобро решение за долгорочната иднина на Попова Шапка. Се надеваме дека ова последново барање т.е. дебата за Шапка ќе го искористите и Вие медиумите, истакна Тасевски.

 

Тагови: домпредлог идеи

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Прв концерт на новоформираниот државен Ансамбл за албански песни и ора одржан во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.