• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовски општинскиот инспекторат: И централните институции може да работат на сузбивање на нелегалната трговија, особено кај продавачи на цигари

23/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските општински инспектори велат дека би биле поуспешни во справување со продавачите на импровизирани тезги ако имаат поддршка од централната власт преку полицијата и пазарната инспекција.  На повеќе локации беа отстранети разни продавачи, но најтешко оди со тие надвор од зелениот пазар каде се продаваат цигари.

-Ние секој ден ги тргаме, редарите наши секој ден се на терен меѓутоа тие имаат мобилни маси и бегаат кога идат инспектори и после се враќаат. Тоа е проблемот со нив. На пример ако треба еден продавач на цигари да го тргнеме, ако ни бега полицијата може да преземе мерки. И полицијата и може да преземе пазарна инспекција, не треба само ние да чистиме јавна површина, изјави В.Д раководителот Абдулгани Алији.

Членовите на Советот на Општина Тетово денес имаа можност да дебатираат со претставниците на Општинскиот инспекторат околу преземените активности во изминатите месеци од новото раководство. 

В.Д раководителот Абдулгани Алији во изјава за медиумите истакна дека според законските прописи инспекторатот сега работи со 60 %, односно дека му недостигаат повеќе инспектори за да може тековно и нормално да ги извршува инспекциските надзори.

-Ние имаме како сектори само три кои имаат подсектори, но треба секој подсектор всушност да биде сектор сам по себе и да си има раководител на одделение.  Сега ние треба да смениме, треба да земеме мислење од Министерство за информатичко општество и администрација и да бараме да отвориме нови огласи за други инспектори. На пример во комунални дејности мене ми требаат најмалку пет инспектори, а сум нашол таму само два инспектори. Во градежништво имам два инспектори а ми требааат најмногу пет, изјави Алији.

Според него дел од од инспекторите не ни биле активни и било побарано од нив да почнат со работа на терен.

-Имаме Сектор за даночни обврзници со овластување имаме еден инспектор, кој нефункционирал пред 2022 ниеднаш, сега сме го ставиле во располгање на граѓаните, рече Алији.

Според првиот човек на инспекторат сега таму има вкупно 16 инспектори, а потребни се уште 15-тина.

Поврзани објави

Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Следна објава

СВР Тетово повторно со апел да се не се палат стрништа по ниви за да се избегнат пожари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.