• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Основците во Тетово создадоа ученичка градина во паркот кај музичкото училиште

Денес ученици од основните училишта засадија цвеќе и зеленчук, откако местото беше расчистено од отпад и израмнета земјата.

17/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Паркот до музичкото училиште во Тетово станува ученичка градина со декоративни цвеќиња и зеленчукови и овошни култури. Денес ученици од основните училишта засадија цвеќе и зеленчук, откако местото беше расчистено од отпад и израмнета земјата. Учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ добиле грант од Институт за истражување во животна средина на проект во кој освоиле прво место. Средствата беа искористени за создавање на градината.

-Ова е дел од иницијативата „Засади ја твојата иднина“. Да се зголеми зелена површина во градот, а тоа да биде на местата кои што се подзаборавени и истите по пример од европсктие земји учениците посакаат да посадат не само цвеќиња тукуи зеленчуци кои утре некој ќе може да ги земе, изјави наставничката Марија Костовска.

За реализација на идејата за ученичка градина од општина Тетово беше определена локација, а работници на комуналното претријатие ги отранија отпадоците и ја израмнија земјата.

-Важно е што иницијативата доаѓа од младите. Сметаме дека зелените површини се на сите и што повеќе сите работиме на тој случај тогаш и одржувањето ќе биде полесно. Сите вакви иницијативи ние ќе ги поддржиме не само со зборови туку и со работа, изјави градоначалничката Теута Арифи.

И останатите ученици од другите училишта ќе може да придонесат со работа во одржување на ученичката градина.

 

 

 

Тагови: зеленилозеленчукученичка градина

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Автоматска пушка, пиштол и муниција најдени кај 32 годишник од Копанце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.