• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Осум дена притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица

18/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово денес им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по вчерашниот протест во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово.

-По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски.

Вчера по завршување на протестот полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Б.А.(31) од с.Туин, кичевско, Н.Б.(52) од с.Мала Речица, тетовско и Џ.С.(33) од с.Вешала, тетовско, а денеска и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.

Адвокат Бесник Хасани кој го застапува прво обвинетиот во изјава за медиумите на албански јазик рече дека ќе поднесе жална на решението за притвор.

Тие беа приведени затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на протестот вчера во Тетово и потоа во Мала Речица кога група млади лица се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.  

Протестот претходно започна на плоштадот во Тетово каде групата побара одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември .

ас 

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Денес се одбележуваат 77 години од загинувањето на тетовските партизани во Беличица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.